Meeting Register Page

Форум на заедницата-Општина Кавадарци
Почитувани жители на општина Кавадарци,

Би сакале да ве поканиме на онлајн форум во заедницата кој Општината Кавадарци во соработка со Центарот за истражување и креирање политики, Лулуди, Рурална Коалиција, Новинари за човекови права и ЕХО-Штип ќе го организира во рамки на Проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“.

Форумот во заедницата ќе овозможи идентификување на специфичните потреби и приоритети на граѓаните од сите групи во општина Кавадарци, а со цел обезбедување услови за приоретизирање на програмите и проектите како и истовремено подобрување на структурата на програмите во општината. Под влијание на актуелната состојба со Ковид 19, форумите ќе се одржат онлајн на платформата ZOOM и тоа во 3 циклуса-односно три средби по 2 часа со истата група на граѓани:

I сесија 12.05.2021, 13:00-15:00ч- Дефинирање проблеми и предизвици
II сесија 19.05.2021 Дефинирање на предлог решенија
III сесија 26.05.2021 Презентирање на резултати и следни чекори
Ве молиме пополнете го образецот за регистрација по што на меил ќе добиете линк за форумот.

May 12, 2021 01:00 PM in Warsaw

Loading
* Required information